Биткоинот синоќа падна под 7500 долари, а вредноста на сите криптовалути се намали на 280 милијарди долари.
550 милијарди долари овој пазар вредеше при крајот на минатата година.
Ова создаде паника дека криптомеурот ќе пукне.
За две третини падна вредноста на биткоинот кој во декември се искачи на 19.000 долари.
Се смета дека криптовалутите се на „смртниот праг“, а тоа е појава кога 50 дена по ред цената паѓа.
Според аналитичарите падот е поради владините регулативи ширум светот.
Пад има и кај етериумот кој вчера се тргуваше за 400 долари.