Бразил убедливо ја совлада Русија на пријателскиот натпревар на „Лужники арената“ во Москва.

Иако првото полувреме заврши без голови на бразилските фудбалери им беа потребни тринесетина минути во второто полувреме за постигнат триумф од 3:0 против домаќинот на Светското првенство.

Миранда во 53 минута го постигна водечкиот гол, а девет минути подоцна Кутињо погоди од пенал за водство од 2:0.

Паулињо во 66 минута со глава реализираше гол за конечни 3:0.

Бразил без сомнеж ќе биде еден од главните фаворити за трофејот на Мундијалот во Русија, а ќе се натпреварува во групата Е со Србија, Костарика и Швајцарија.