Горди сме што надминавме тежок кризен период, од Ковид, до енергетската и економската криза. Затоа што како Влада се насочивме кон стратешко и одржливо решение во делот на енергетиката. Вложуваме во обновливи извори на енергија, во фотоволтаични централни и ветерни паркови.

Прва држава сме во регионот со стратегија за развој на енергетиката.
Членството во ЕУ ќе ја олесни интеграцијата на различни извори енергија, по цени кои нема да го оптоварат семејниот буџет. Ги усвојуваме најсовремените иновации и технологии, а се’ во интерес на подигнување на стандардот на живот за сите граѓани!

Ние сме дел од Зелениот План на Европа и затоа Ние Сме Европа!