Владата ги поддржува компаниите кои и во кризата гледаат можност, инвестираат, вработуваат, освојуваат нови пазари.

Домашната извозно-ориентирана компанија „Конти Хидропласт“ има нова инвестиција во износ од 5,1 милиони евра и се реализира со поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на деловниот амбиент, за ваквите компании да го шират својот извоз, да вработуваат кадри и да вложуваат во човечкиот капитал, а со тоа да придонесуваат во сопствениот и во развојот на државата.