
Тони Менкиновски е адвокат со повеќедецениско искуство. Освен тоа што во моментот е адвокат на бизнисменот Јордан Камчев, тој бил и адвокат на Зоран Заев во случајот поткуп, со снимката каде што целата јавност виде дека Зоран Заев бара мито од 200 илјади евра, евро за црквата- евро за Вицето, истата таа снимка која судот на Заев ја забрани, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму објавија и фотографија.
-Водејќи се по оваа лажна прес конференција, би запрашале кој “грев” е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот поткуп?
За разлика од СДС кои контруираат лаги, ние зборуваме со факти и фотографии. Но она што треба да се разјасни е следново:
По аналогијата на СДСМ прашуваме дали апсењето на Камчев е лична освета на Заев поради случајот Рекет каде е компромитирано целото СДС?
Што знае Камчев за парите од рекетот, а поради што се плаши Зоран Заев?
Колку средби имал Заев со Јордан Камчев, и дали на нив е зборено за пари?
Дали Камчев знае точно каде се отидени парите од рекетот за кој прво осудениот Бојан Јовановски рече дека треба да се бараат во Струмица, кај Вице и Зоран Заев?, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.