Возачот на “Дурмо турс” осуден на 14 години затвор, а сопственикот Дурмиш Белули осуден на најниска казна од четири години

Возачот на автобусот од “Дурмо турс”, Маноил Трифуновски кој управуваше со кобниот автобус во кој загинаа 16 лица, а 30 беа тешко повредени, е осуден на 14 години затвор.

Сопственикот на компанијата, Дурмиш Белули пак кој единствено имал сертфикат за спроведување на безбрдност во сообраќајот доби најниска казна од четири години.

Одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари е осуден на шест години, додека вработените во техничкиот преглед на Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски се осудени на пет години затвор.

На 13 февруари се навршуваат пет години од трагичната несреќа кога неисправен автобус беше пуштен во сообраќај во сопственост на компанијата а станицата за технички птеглед која исто била во сопственост на Белули го прегледала автобусот и иако биле утврдени нерегуларности, но никој не реагирал.

На Белули му се одредени мерки за претпазливост и имал дадено кауција.