Вработените во Македонска Филрхамонија поради непрофесионалното и неуко менаџирање на в.д. директорот Даниел Лазаровски, кое што се одразува со големи негативни последици врз целокупното функционирање на институцијата, преку синдикалната организација поднесоа петиција до Министерството за култура, со барање за негово итно разршување.

Петицијата ја потпишаа 100 лица кои се вработени во Македонска филхармонија.

„Незадоволството од непрофесионалноста на в.д. директорот кулминираше со неговиот упад на синдикалниот состанок минатата недела кога се обидуваше да изврши притисок врз слободното изразување на членовите на синдикатот.

Од самото назначување, вработените во Македонска филхармонија се изложени на притисоци, закани и мобинг од страна на директорот Лазаровски. Неговото несоодветно раководење со институцијата предизвикува големо незадоволство кај вработените и истото има негативно влијание врз соработката со македонски и странски музичари.