Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека претставниците на Генералштабот и министерот за одбрана Милош Вучиќ изнеле убедлив аргумент за враќање на задолжителниот воен рок.
Тој посочи дека треба да се забрза производството на новиот 30-милиметарски топ, бидејќи тоа би било важно за борбената станица за далечинско управување.
Далечински управуваната борбена станица е вооружена со митралез и е наменета за уништување на индивидуални и групни цели, лесно оклопни возила како и лесно утврдени објекти на ефективни растојанија до 1.200 метри.