
Во рамки на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ на компанијата „Макпетрол“ но и Меморандумот за соработка кој го потпишавме денес организираме едукативни работилници и предавања во сите осум училишта во општината.
Меѓуврсничкото насилство носи сериозни последици и ние имаме одговорност да ги заштитиме нашите деца.
Затоа зборувајте со вашите деца, научете ги да препознаат булинг, да го пријават и се спротивстават.