По „Има љубов во нас“, следува втор сингл од најновиот четврти студиски албум во најава, со наслов „Ќе ме сакаш ли?“

„Нашата ментална опсесивност да го загарантираме и она што е невозможно да се гарантира е поривот за оваа песна.
Љубовта се живее, не се планира, а најмалку се гарантира. Љуби, живеј!“, вели Дани.

„Ќе ме сакаш ли?“ е симпатичен приказ на човечката опсесивна потреба за сигурност, барањето гаранција од друг човек за вечна љубов.


Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов.

Музичкиот спот за „Ќе ме сакаш ли“ од денес е достапен на „Јутјуб“, а аудиозаписот и англиската везија се поставени на сите музички платформи.

Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Вучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital.

Дани Димитровска е една од ретките женски рок-артисти во нашата земја, доследна на својот звук веќе 25-та година.