Во затворот во Штип по направен пцр тест за Ковид-19 утврдено е дека дел од осудените лица за 27 април се позитивни на вирусот.

Според неофицијани информации позитивни на Ковид-19 се “Златниот командир” Митко Чавков, поранешниот началник на специјалните сили, сега осуден Митко Пешов, Началникоѕ на обезбедувањето на Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски-Леви и Началникот на превентивното обезбедување во МВР, осудениотОливер Поповски.

 Осудените лица што одлежуваат затворска казна кои што имале контакт со гореспоменатите се во изолација.

Го контактиравме директорот на КПД Затвор Штип, Мики Тодоров кој потврди дека во затворот има двајца позитивни затвореници на Ковид-19, но не ги кажа нивните имиња.

Според нашиот извор затворските власти на чело со директорот Тодоров ги превзеле сите потребни мерки со цел да не се прошири вирусот во КПД Штип.