Наполи загуби со убедливи 0:3 на домашен терен од Интер во големото дерби со кое беше затворена неделната програма, но сите во клубот сметаат дека главен виновник за тоа е судијата Маса.
Наполитанците се уверени дека биде донесени две клучни одлуки на нивна штета, најпрво недосуден прекршок врз Лоботка при акцијата за прв гол на Интер, а потоа и недосуден пенал при резултат 0:1.
Директорот на Наполи веќе го искажа своето незадоволство за судиската епизода на Маса и луѓето во ВАР собата, но шоуто всушнот му припаднало на Аурелио Де Лаурентис.
Газдата на Наполи „лудувал“ по високиот пораз и италијанските медиуми откриваат дека веднаш по мечот почнал да им се јавува на водечките луѓе во Федерацијата и судиската комисија, од кои побарал одговори за кататрофалното судење на Маса.
– Се чувствуваме ограбено, ова е грабеж. Имаше неколку очигледни грешки на наша штета. Маса имаше многу лоша ноќ и ни наштети со своите одлуки, – изјави Де Лаурентис за „Ил Матино“.