Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија извести дека повторно има недостиг на инсулин.

Велат дека за овој проблем се обратиле до Министерството за здравство од каде им било одговорено дека заради ревидирање на количините на „ризодег“ согласно количните предивдени во реализација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка.

„За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин, за кој поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на „ризодег“ согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалти – еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија“, соопшти СЗДСМ.

Како што велат, се појавува недостиг на терапија „оземпик“ и „рибелсус“.

„Нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“, велат СЗДСМ.

Моменталната состојба со лекови, како што појаснуваат е само потврда на нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терапија и помагала со Отворен пазар и воведување на Референтни цени.