Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постигна 73 поени ноќеска на натпреварот од регуларниот дел од НБА сезоната против Атланта (148:143).

Според веб-страницата на НБА, Дончиќ постави нов личен рекорд за постигнати поени во натпревар од регуларниот дел од сезоната. Дваесет и четиригодишниот словенечки репрезентативец стана и четвртиот играч во историјата на НБА кој достигнал 73 поени на еден натпревар. Претходно ова им успеа на Вилт Чембрлен, Коби Брајант и Дејвид Томпсон.

Далас ја прекина серијата од три порази и се наоѓа на осмото место во западната конференција.

Следен натпревар на Маверикс е во 3 часот по полноќ против Сакраменто на домашен терен.