На бате Геле, поддржувачот на експремиерот Никола Груевски, му се слоши откако ја слушна пресудата за поранешниот премиер.
Тој прво со солзи во очите ја проследи пресудата, како и дел од насобраните луѓе. Демонстрантите повикаа брза помош за да интервенира и да му помогне на бате Геле.
Брзата помош пристигна и го зема бате Геле.
Демонстранти се собраа пред Кривичен суд за да ја проследат пресудата за експремиерот Никола Груевски.
Откако судот му изрече 2 години затворска казна на Груевски, толпата се разгневи и почна да извикува пцовки и клетви против судиите. Тие се обидоа и да ја превртат заштитната ограда, но беа спречени од кордонот полиција.