В. М. , едно од трите лица кои се уапсени за убиството на 14-годишното девојче, Вања Ѓорчевска, признало вина.

Станува збор за лице кое се дружело со Љ. П. , а кое дало информации за планирањето и извршувањето на киднапирањето, а потоа и убиството.

Гореспоменатите на социјалните мрежи имаат заеднички фотографии

Обвинителството потврди дека е упасен Александар, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска. За потсетување, таткото е второто лице кое ја пријави сега убиената Вања за исчезната, кој има статус на осомничен.

Во јавноста се појавија информации дека токму тој го договарал грозоморното сценарио со Љупчо Палевски- Палчо, кој не е достапен за органите.