Елиф Елмас (24), играчот од средниот ред на Лајпциг и на македонската репрезентација, го најави вечерашниот прв осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Реал.

На шпанските новинари им откри дека омилен играч на Реал му е Лука Модриќ.

„Слушајте, јас сум од Балканот и може да има само еден избор, а тоа е од срце: Лука Модриќ. Се што направи со Реал и Хрватска е неверојатно. Ја освои Златната топка. Не велам дека во Реал нема уште многу врвни играчи, но мене омилен ми е Лука. Знаете, тој е многу посебен за сите нас Балканците. За мене тој е број 1 на просторите на поранешна Југославија. Секако дека го имам неговиот дрес.”

Елмас во Лајпциг пристигна од Наполи во зимскиот преоден за обесштетување од 23 милиони евра.