Запленети се 1,3 килограми сребрен накит кај патник кој патувал од Турција и се обидел да го внесе во државата без да го пријави кај царинските органи на влез на ГП Богородица, соопштија денеска од Царинската управа.

„Сребрениот накит е откриен при преглед на патничко возило со кое лицето патувало како совозач. Станува збор за 157 парчиња прстени, 21 парчиња нараквици, 45 ланчиња, 26 обетки и 20 привезоци кои лицето ги скрило во ќеса која ја ставил зад задното седиште и во еден куфер ставен во багажниот простор“информираат од Царина.

Од Царинската управа испратија видео снимка од моментот на пронаоѓање на накитот, на која се гледа како царински службеник проверувајќи го багажникот на возилото, наоѓа накит спакуван во ќеса сместена во црн куфер, но открива и ланчиња и прстени ставени во друга ќеса меѓу останатиот багаж на патникот.

Оттаму информираат дека лицето не поседувало никаква документација за сребрениот накит и тврдело дека го набавило од Турција.

„Против него се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи“велат од Царина.