Во текот на вчерашниот ден во училишната спортска сала на Индустриското училиште се одигра финалниот натпревар во мал фудбал Св. Никола.

Според информациите до кои дојде нашата редакција поради самоволието на организаторите финансиска штета претрпиле сите клубови кои си плаќаат термини во гореспоменатата сала.

“Самоволието на Р.С. за времетраењето на турнирот ни направи штета поради преместување на термините без претходно известување, ние а и останатите клубови сме оштетени. Како е можно за време на термин кој си го плаќаме ние како клуб да се организира друг настан?

Р.С. со години ги узурпира салите и влечи пари од општината без одговор каде ги потрошил парите. Каде завршија парите од влезниците на турнирот. Зошто картата од 50 денари на финалниот натпревар беше наплаќа во висина од 100 денари, злоупотребени се и голем број на гледачи кои платија карта за хуманитарни цели…
Исто така прашуваме дали Р.С. должи околу 8.000 евра за користење на салите и зошто никој не презема ништо, до каде ќе оди самоволието” прашуваат нашите соговорници.

Еден од закупувачите на термин вчера направил прекин на турнирот поради самоволието на организаторот кој пак донел обезбедување од приватна компанија. Реагирале и од ОВР Прилеп, но пред законот закупувачот чист и има уреден договор.

До каде ќе оди самоволието и организаторот?