Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ прави чекор поблизу до своите читатели, стартувајќи кампања преку која ги повикува поддржувачите да станат членови на дигиталната „Лице в лице“ заедница и заедно да се движат кон промените во 2021 година.

„Посреќна 2021 година! ЗА СИТЕ“ е иницијативата која обединува бројни јавни личности, а првичниот импулс е од актерите во ситкомот „Преспав“, чија нова сезона почнува на 18 декември.

Повеќе информации во соопштението во прилог, придружено со насловната страница на 43. издание на „Лице в лице“, на која се актерите на „Преспав“, серија која на хумористичен начин ги идентификува општествените аномалии.

Најновото издание на „Лице в лице“ е посветено на човековите права.