asd

Климатски активистки фрлија супа од конзерва врз Мона Лиза

10

На снимката објавена на социјалните мрежи две активистки од групата „Riposte alimentaire“, испрскаа супа од конзерва врз стаклото што ја штити сликата.

Двете жени рекоа дека акцијата има за цел да го промовира „правото на здрава и одржлива храна“, извикувајќи: „Нашиот земјоделски систем е болен“.


Леонардо да Винчи ја насликал Мона Лиза, помеѓу 1503 и 1519 година додека Леонардо живеел и работел во Фиренца а во Лувр е изложена од 1804 година.

Во мај 2022 година, маж фрли торта врз делото и извика „мислете на планетата!“