На 12.12.2023 во Рим полициски службеници од МВР присуствуваа на Конференцијата за воспоставување на механизам за брз одговор на Работната група за Западен Балкан во Рим, организирана од Централната управа на криминалистичката полиција на Министерството за внатрешни работи на Италија и Криминалистичко-разузнавачката служба на Сојузното Министерство за внатрешни работи на Австрија, со поддршка на проектот ИПА III – Поддршка на ЕУ во зајакнувањето на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе на Западен Балкан.

На конференцијата беше потпишана Декларацијата за намера да се воспостави механизам за брз одговор на Работната група за Западен Балкан, која претставува модел на соработка меѓу странските сили во заеднички активности со цел сојузништво и поддршка за ефикасно партнерство, со цел да се реализираат целите и обврските поврзани со борбата против криумчарењето мигранти.

Работната група за Западен Балкан „Западен Балкан TASK FORCE“ беше формирана на Министерската конференција посветена на решавање на предизвиците поврзани со миграцијата во регионот, што се одржа на 7 јуни 2018 година во Сараево. Таа се занимава со прашањата за актуелната ситуација на Западен Балкан на полето на илегалната миграција, во однос на размената на разузнавачки податоци во реално време со инволвираните партнери (земји членки на ЕУ, како и трети земји) спроведување на заеднички истраги и заеднички акции, како и примена на принципот на офицери за посета. Состаноците на Работната група се одржуваат континуирано, а од 2018 година ја води Австрија. Како независна оперативна акција, таа е дел од Оперативниот акционен план на EMPACT, „Шверц на мигранти“.