Валандовскиот градоначалник, Перо Костадинов предмалку на својот ФБ профил, објави дека ќе даде предлог средствата за новогодишниото украсување  да бидат пренаменети за уредување на нови простории за потребите на Дневниот центар за деца со попреченост од нашата општина.

“По реакциите на граѓаните, Општина Валандово нема да одвои средства за новогодишно украсување оваа година.

Овие средства ќе предложам да бидат пренаменети за уредување на нови простории за потребите на Дневниот центар за деца со попреченост од нашата општина.” напиша Костадинов.