Македонија ги доживува најсрамните времиња приредени од Ковачевски и СДС. СДС подарок ја даде Македонија на ДУИ, Ахмети и Талат Џафери, само за да си ги спасат фотелјите, само за да продолжат со криминалот и корупцијата, го направија Талат Џафери, командант Форина, премиер на Македонија. Дното е достигнато, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден дезертер заменет со друг дезертер. Криминалците имаа држава, ама сега својот криминал го овенчаа и со премиер. Еден криминалец со друг. СДС се силеше и се удираше в гради дека нема да гласаат техничка влада што нема да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски упорно велеше дека нема таков случај во светот и дека тоа е неприфатливо, но кога на дневен ред дојде Талат Џафери, цел СДС како ученичиња во клупа се нацртаа да гласаат од прв до последен. Затоа народот со право вели немаме држава. Како изгледа владеењето на ДУИ. Бизниси за лотарија водени од Груби, ‘Соравија’ купена од Дрин Ахмети, без вложен денар, десетици милиони евра тендери за донаторот на ДУИ, ‘Еуровија’, хотели на Шапка преземени од бизнисмени блиски до ДУИ, тендери преку ЕСМ, кои се бројат во стотини милиони евра. Али Ахмети славеше, Ковачевски веднеше глава, а цел СДС гласаше. Ковачевски не само што се продаде себе, туку го продаде и СДС и сите негови пратеници. Но, на понижувањата за Ковачевски во желбата за власт им нема крај. Тој ги моли командант Форина и Ахмети да му го поддржат Стево Пендаровски и да имаат заеднички листи“, вели Лефков и додава:

„Ковачевски за власт дава сè, со Ковачевски, СДС и ДУИ, Македонија секој ден ја има сè помалку. Вака се гази државата, ова е срам за СДС. Народот го гледа срамот што СДС ѝ го приреди на Македонија и ќе ги порази на 8 мај“.