Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи на 12 мај, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој уште еднаш нагласи дека сега не е време за избори, туку за справување на последиците со пандемијата од корона.
Мицкоски вели дека кога ѝ да се одржат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.
– Немам дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ со најмалку двоцифрена разлика пратеници. Разликата ќе биде од 9 до 11 пратеници – вели Мицкоски.