asd

Маричиќ во посета на Ј.Х.Песталоци: Образовните програми и мобилност обезбедени од ЕУ вложуваат во нашите млади

2722

На средбата во училиштето, заедно со градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓорѓиевски, раководството на училиштето и наставниците, беа споделени искуства за- Еразмус плус програмата која се спроведува во ова училиште и значењето на оваа мобилност за учениците.

По средбата Вицепремиерот Маричиќ во својата изјава посочи:

– Успешните проекти со кои училиштето учествува во повеќе области од Еразмус плус програмата се вистински пример за македонско образование по европски стандарди. Еразмус програмите, во училиштето Песталоци донеле придобивки за учениците кои сакаат да учествуваат во проектите преку размена со нивните врсници од други европски земји.

Оваа убава македонска и европска приказна уште еднаш ни потврдува дека образовните програми обезбедени од ЕУ вложуваат во нашите млади. Ова се одлични можности уште од основно образование да се стекнуваат европски норми во делот на знаењата и вештините, учениците од рана возраст да комуницираат со своите врсници од ЕУ. Учениците тука, заедно со сите нас, за пет-шест години од денес ќе бидат жители на Европската Унија, односно македонски жители, како дел од Унијата.

На средбата, соговорниците се согласија дека овие можности се вистински модел за образовниот и личен развој на учениците, како и унапредување на наставата и наставниот кадар.

За крај Вицепремиерот Маричиќ ги охрабри учениците да продолжат да учествуваат во проектите и мобилностите на Еразмус плус програмата за надградба на нивното знаење и учеството на наставниот кадар со цел на приспособување и унапредување на образовниот процес по европски стандарди.