Македонскиот електропреносен систем МЕПСО, преку соопштение информира за завршните работи од проектот “Реконструкција на ТС Дуброво”.

“Во рамки на проектот “ Реконструкција на ТС Дуброво” во тек се градежни активности за изградба на ново 110 kV поле за сопствена потрошувачка на електрична енергија.

Од страна на изведувачот “Далековод” Загреб се поставува енергетски кабел и се монтира челично носива конструкција за нова високонапонска опрема. Досега во рамки на проектот, целосно се завршени работите околу замена на високонапонската опрема на 400 kV далекуводни полиња кон Солун, Битола, Штип и Скопје, потоа на двете трансформаторски полиња и на спојно и мерно поле.

Со овој проект не само што се модернизира ТС Дуброво,туку се зголемува доверливоста на преносната мрежа во овој регион и интерконекцијата со Грција.”се вели во соопштението.