Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаби врнежи.

До крајот на седмицава ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец и температурите ќе бидат повисоки во однос на денешните.