Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-230, Куманово-35, Штип-13, Прилеп-65, Тетово-39, Струга-1, Велес-27, Битола-15, Охрид-3, Кавадарци-10, Гостивар-27, Гевгелија-13, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-15, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-6, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-1, Неготино-9.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-58, Штип-7, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-8, Велес-7, Битола-11, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-6, Струмица-9, Кочани-5, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-2, Неготино-3.

Починати се 21 лице, 6 пациенти од Скопје (45, 52, 63, 67, 68 и 84), пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83), еден од Куманово (74), двајца пациенти од Велес (83 и 89), двајца од Богданци (75 и 85) и по еден пациент од Битола (79), Радовиш (71), Прилеп (61), Охрид (51) и Штип (63). Освен еден пациент, кој не е починат во болница, сите други се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.997, бројката на оздравени пациенти е 21.244, на починати е 1.025, а бројот на активни случаи изнесува 10.728. Денеска се регистрираат четири контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 14.272, активни 5.042

• Куманово 2.365, активни 466

• Дебар 346, активни 54

• Штип 1.728, активни 306

• Прилеп 1.441, активни 565

• Тетово 2.332, активни 636

• Струга 837, активни 110

• Велес 843, активни 438

• Битола 740, активни 299

• Охрид 736, активни 258

• Кавадарци 548, активни 240

• Гостивар 1.272, активни 259

• Гевгелија 416, активни 200 (21 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 69 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1.010, активни 568

• Крива Паланка 253, активни 101

• Радовиш 251, активни 90

• Крушево 32, активни 11

• Кочани 750, активни 223

• Пробиштип 212, активни 72

• Демир Хисар 85, активни 18

• Македонски Брод 106, активни 10

• Пехчево 60, активни 8

• Берово 220, активни 56

• Валандово 111, активни 40

• Виница 190, активни 73

• Делчево 264, активни 109 (66 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 62, активни 32

• Свети Николе 494, активни 91

• Кичево 596, активни 191

• Ресен 254, активни 69

• Неготино 171, активни 93 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.325 теста се преку: ИЈЗ – 610, ЦЈЗ Скопје – 60, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 0, МАНУ – 156, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 181, „Систина“ со PCR-метода – 141, лабораторија „Лаор“ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 20, Инфективна клиника – 15, ГАК – 0, „Синлаб“ – 43, „Ремедика“ – 0, лабораторија во болницата во Козле – 99, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 253.173 тестирања на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациент. На кислородна поддршка се 128 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 10 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 19 возрасни пациенти позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 10 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 61, а во болницата во Штип – 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и во Кавадарци хоспитализирани се 351 позитивен и сомнителен на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 275

• Гази Баба – 650

• Аеродром – 869

• Карпош – 741

• Центар – 668

• Кисела Вода – 649

• Ѓорче Петров – 402

• Бутел – 266

• Шуто Оризари – 53

• Студеничани – 21

• Сарај – 38

• Арачиново -10

• Илинден – 121

• Сопиште – 43

• Чучер Сандево – 28

• Петровец –38

• Зелениково -16

• Странец – 45

• Нераспределен – 109