Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево денеска во атарот на делчевското село Град, вомесноста Суви дол пронајде насад со 112 стебла „Канабис сатива“ во висина од 75 см до три метри.

По насоки на  јавен обвинител од ОЈО Кочани стеблата се подигнати за вештачење, а се преземаат и дополнителни мерки и активности со цел расчистување на случајот.

Денешната акција е уште еден доказ дека и во време на корона одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност будно ја следи ситуацијата со недозволени супстанци и се справува согласно закон.