Заедно со министерот за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски, директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче и пратеничката Бети Рабаџиевска Наумовска бевме во посета на новиот градски пазарот чија реконструкција е во завршна фаза.

Од денес Ресен, Преспа, но и целиот Пелагониски Регион, добиваат пазар според највисоки стандарди.

Среќен сум што конечно добиваме модерно и функционално место кое во исто време ќе го користат и продавачите и купувачите.

Реконструкцијата на пазарот чинише над 3.6 милиони денари, од кои 95% се средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку ЦРППР, а остатокот е од Буџетот на Општина Ресен.

Со проектот се реконструираше постоечкиот пазарен простор и се доби современа, покриена, безбедна и функционална локација на која ќе се продаваат земјоделски производи од преспанско-пелагонискиот регион.

Горд сум на секој нов проект, на секое дело со кое што ќе се подобри животот на моите сожители, а ние не застануваме тука, со исто темпо заедно со Владата, продолжуваме да работиме за конечно Ресен да го добие сјајот каков што заслужува од секогаш да го има.