Околу 12.000 Европјани заминаа да се борат за „Исламска држава“ и „Ал Каеда“ во Сирија и Ирак. Се верува дека третина од нив се вратиле дома и повеќе од нив живеат слободно.

Некои од нив чекаат судења, но повеќето нема никогаш да се соочат со сериозни обвиненија поради недостатокот на докази. Агенцијата укажува и на многу чии планови за патување на Блискиот исток биле осуетени.

Рик Колсет од белгискиот институт „Егмон“ смета дека претстојните ослободувања на џихадистите ветерани може да се сметаат како “четвртиот бран на враќање“.

„Постојат бројни лични фрустрации и мотивации кои ги натерале овие момчиња на патот кон приклучување на „Исламска држава“, со тоа сега треба да се позанимаваме“ – изјавил Колсет.

Тој додал дека во спротивно, опкружувањето и понатаму ќе поттикнува на ваков вид на џихадистичко насилство.

Фарид Бенјети, поранешен џихадисти кој одлежал четири години затвор и сега јавно го отфрла екстремистичкото насилство, стравува дека Европа не е подготвена.

Тој станал имам кој им се обраќа на младите муслимани и напишал и книга за тоа како потонал во исламскиот екстремизам.

„Тие момчиња кои сега се осудени или чекаат судења еден ден ќе излезат. И тоа претставува проблем – какви подготовки ќе бидат преземени за нивното ослободување“ – изјави Бенјети за „АП“.

Просечната казна во Европа за делото тероризам до неодамна беше шест години затвор, а во Америка е 13 години, според податоците на Европол. Казните се зголемени од 2015 година, но и понатаму се под нивото во САД.