На веб страницата на Министерството за внатрешни работи е објавена меѓународна потерницата по Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот бербер од Велес, Панче Жежовски.

„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, стои на веб страницата на МВР.

За него, министерот Оливер Спасовски на прес конференција кажа дека избегал во соседна Србија, од каде е упатен во Бугарија, иако од бугарското МВР денеска кажаа дека немаат информации дека тој се наоѓа на нивната територија.