Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид со голема загуба ја заврши сезоната во која по рекорден 11. пат стана европски првак.

По драматична плејоф серија и чудесен пресврт, Реал Мадрид го исфрли Партизан и се пласираше на фајналфорот, а потоа со победи над Барселона и Олимпијакос стигна до европскиот трон.

Сепак, врвниот спортски резултат не беше проследен со финансиска добивка. Реал Мадрид минатата сезона ја заврши со минус од 27.800.000 евра.

Интересно, Реал заработи околу 22.000.000 евра, но тоа беше апсолутно недоволно да ги покрие вкупните трошоци кои дупло поголеми.

Најголемиот ривал на Реал, Барселона помина многу полошо. Каталонците објавија дека минатата сезона ја завршиле со катастрофален минус од 56.600.000 евра и поради тоа драстично го намалија буџетот.