Во Вишиот суд во Белград денеска продолжи кривичната постапка против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на Коста К.  момчето убиец. Им се суди и на двајца работници на стрелиштето каде таткото го носел момчето.

Родителите на убиените деца на денешното рочиште дојдоа со врамени фотографии од своите деца кои ги оставија на клупата во судската сала а потоа ги однесоа со себе на судењето.

Вршителот на должноста судија Зоран Божовиќ детално ја образложи својата одлука за исклучување на јавноста од судењето, по предлог на Вишото јавно обвинителство. Појасни дека јавноста е исклучена заради заштита на интересите на малолетниците, бидејќи на кобниот ден загинаа 9 малолетни лица, 6 беа повредени, а на 11 од нив беше загрозена личната безбедност.

Родителите на момчето-убиец кое на 3 мај минатата година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, вчера се изјаснија за невини.

На рочиштето беше прочитано обвинението и беа дадени воведни зборови, а денеска обвинетите треба да ја изнесат одбраната

Судскиот совет на вчерашното рочиште одлучи судењето да биде затворено за јавноста.