Секое одлагање е лошо. Проблемот за името да се реши што побрзо, ако е можно годинава. Одлагањето само дополнително ќе ги компликува работите.

Ова е ставот на државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот кој денес беше во Скопје на средба со Прмиерот Заев.

Ова не е прва посета на Рот на земјава, но пораките кои ги праќа се секогаш слично, но денешнава е практично апел, да се смогнат сили и набрзо да се затвори повеќедеценискиот спор.

Раздвижено е и во Грција. Тамошниот премиер Ципрас има серија средби со видни политичари на кој ги информира за процесот за името, кој по се изгледа влегува во финале. Актуелниот премиер веќе имаше средба со поранешниот прв човек на грчката Влада Папандреу,  за детално да му објасни до каде се преговорите.

-Го информирав Папандреу за актуелните случувања во грчко-турските односи, кипарското прашање, како и за преговорите за македонското прашање.

Папандреу денес во Сунио, каде се идржува состанок на Вишеградската четворка ќе се средтне и со македонскиот министер за надворешни Никола Димитров.

Според најавите веќе на 12, односно сабота во Атина, ќе има нова рунда разговори меѓу Димитров и Коѕиас со посредникот Метју Нимиц.

Според многумина, по оваа средба работите ќе бидат појасни, односно дали постои надеж дека следната недела во Софија, Заев и Ципрас ќе успеат да постигнат договорооколку овој проблем.