asd

Сергеј Брин предупреди за опасноста од вештачката интелигенција

23

Не толку одамна група експерти и организации, предводени од Илон Маск и Стивен Хокинг потпишаа петиција со која се бара одговорност при развивање на вештачката интелегенција. Ова не е првата ваква петиција, а ниту последната.

Оттогаш имаше повеќе експерти кои повикуваа на мораториум на развојот на роботи кои самостојно ќе носат одлуки. Дополнително, дел од повиците беа и да се забави развојот на вештачка интелигенција, бидејќи роботите ќе бидат толку ефикасни што нема да има доволно работни места за луѓето.

Вообичаено кога експерите и ентузијастите предупредуваа на овие опасности, од Google сметаа дека сме далеку од ваква иднина. За прв пат досега еден од основачите на Google, г. Сергеј Брин проговори на темата. Тој смета дека во овој период на технолошка ренесанса, компанијата мора да биде повнимателна.

Г. Брин е загрижен дека вештачката интелигиенција може да придонесе до уништување на работата. Поради ова, компанијата сериозно ја разгледува оваа опасност.

„Секој месец, има нови неверојатни апликации и трансформантивни техники. На некој начин навистина сме во технолошка ренесанса, возбудливо време во кое гледаме апликации во речиси секој сегмент на модерното опшество.

Сепак, овие моќни алатки отвораат прашања, и одговорност. Како ќе влијаат на вработувањата во различни секори? Како да разбереме што се случува? Што е преземањето на фер мерки? Дали може да манипулираат со луѓето? Дали се безбедни?“

Компанијата работи на неколку мерки со кои се надеваат дека ќе ги надминат или избегнат овие проблеми.