Руски воен транспортен авион Иљушин-76 се урна во јужната област Белгород, која граничи со Украина. Најмалку 65 лица загинаа, пренесува Би-Би-Си.

Новинската агенција Риа Новости објави дека меѓу нив имало заробени припадници на украинските вооружени сили.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков рече дека знаел за „инцидентот“, но не даде дополнителни детали. Авионот паднал во близина на селото Јаблоново, по што следела експлозија.