Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, пренесуваат грчките медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од Леонидио на Пелопонез, а земјотресот е регистриран во 6 часот и 20 минути на длабочина од 14,5 километри.

Податоците покажуваат дека земјотресот бил почувствуван и во областа Атика.

Две минути пред овој земјотрес е забележан уште еден земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, а 14 минути по него нов со овојпат со јачина од 2,7 степени.

Нема информации за повредени или за материјална шт ета.