asd

Спасовски го одржа последниот колегиум во МВР, се заблагодари на соработниците

15

Денеска го одржав последниот колегиум за овој мандат во Министерството за внатрешни работи. Ви благодарам за сѐ што направивте за МВР и за државата.

Вашата поддршка и соработка се крајно ценети и клучни за успешното функционирање на нашето Министерство и гарантирање на безбедноста на сите граѓани. Секоја успешно реализирана акција, секој решен предизвик и секој напор за подобрување на условите и процесите во Министерството за внатрешни работи се директен резултат на вашата ангажираност и посветеност.

Заедно, ние изградиме посилно и поефикасно Министерство, во служба на граѓаните и нивната безбедност.

Вашата посветеност, експертиза и професионална поставеност се пример за сите нас и се основа за подобра иднина на нашата земја.

На крај, сакам да ви посакам продолжен успех во вашата работа и да ви се заблагодарам уште еднаш за сè што правите. Вие сте вистински стожер на Министерството за внатрешни работи и на Република Северна Македонија.