Утринава се спроведува голема полициска акција во Струга дознава Револуционер. Според информациите уапсени се околу 20-тина лица, според очевидци полициски екипи апсат осмничени за криминал во Струга, низ целиот град, некои од нив добро познати на стружани.

Од МВР потврдуваат дека е во тек полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Според наши информации станува збор за заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.