Таравари: Бујар Османи доцна се премисли за Отворен Балкан април 15, 2024 9 Share Facebook Twitter WhatsApp Email Print Telegram Viber Претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари ја претстави својата програма на централен митинг во тетовската општина Желино. Тој во својот говор се осврна на релациите со Косово и Албанија. – Ќе имаме целосна координација со двете албански држави, Албанија и Косово. Ќе ги продлабочиме врските со Тирана и Приштина, бидејќи тие се наши браќа од иста крв. Значи, нема да правиме како мојот противкандидат кој својата прва посета како министер за надворешни работи ја направи во Белград и никогаш немаше билатерална посета на Република Косово, нагласи Таравари. Таравари рече дека неговиот противкандидат Бујар Османи сега се сетил да предложи излез од Отворен Балкан, иницијатива на Вучиќ, поддржана од Лавров. -Денес слушнав дека станал пишман за Отворен Балкан и дека ќе предложи излез на Северна Македонија од оваа иницијатива на Вучиќ, поддржана од Лавров. На пишман аџијата му велиме дека доцна се расонил. Останавте сами во ист кревет со Вучиќ. Со Вучиќ кој организира терористички напади на Косово и кој се плаши од поразот на ДУИ, затоа што се плаши од промената што ВРЕДИ, истакна Таравари. Пред жителите во Желино се обрати и претседателот на Движењето Беса и носител на листата за изборна единица шест, Биљал Касами. – На овие избори излеговме за да понудиме економски развој, поголема благосостојба на граѓаните, децентрализација и автономија на нашите општини. Затоа што рековме со Тетово, Гостивар, Желино, Чаир имаме лидери кои им служат на нивните граѓани, нас ни треба повеќе децентрализација, нам ни треба повеќе локална автономија за сè да им вратиме на граѓаните. На 8 мај гласајќи за „Вреди“ гласаме да ја вратиме младината онаму каде што и е место, ние ќе гласаме за помошта што ќе им ја дадеме на бизнисите, а ќе биде помош што ќе ги држи семејствата заедно, ќе ја чува младината во родното место, ние ќе ги поддржуваме бизнисите, зошто бизнисите на младите е она што вреди, рече Касами. За политиките на „Вреди“ зборуваа и дел од кандидатите за пратеници ПОВЕЌЕ СОДРЖИНИОД РЕВОЛУЦИОНЕР БГНЕС: И Главниот советник на претседателката Силјановска е државјанин на Бугарија Николоски: Покана до грчките компании за инвестиции во Северна Македонија Тренчевска: СДСМ бара поддршка за Законот за минималната плата од 450 евра ДКСК отвори предмет за именувањето на новиот директор на АНБ Мисајловски во Турција, средба со министерот Гулер и посета на меѓународниот саем за одбрана – SAHA EXPO 2024 ВМРО-ДПМНЕ: Ја молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање Препорачано Ексклузивно: Затвореничко писмо на Боки 13 во кое демантира поврзаност на Зоран Заев со случајот... Интервју со Оливер Спасовски: Актуелниот технички министер и новоназначените началници го урнаа концептот МВР за... Зошто молчи Александар Николовски за криминалот на БИОТЕК? Олгица Стојимировиќ доби награда на Balkan Busness Women Awards 2024 Заев: Ако има еден од Турското маало да каже една работа што ВМРО-ДПМНЕ има направено... Актуелно