30-годишниот Ендрју Џејмс Тарли минатиот петок беше осуден на 60 години затворска казна, откако поротата го прогласи за виновен подведување на деца и малолетници.
Тарли од Висконсин објавил на интернет оглас преку кој се обидел да ја продаде својата 4-годишна ќерка на педофили, пренесува британски „Индепендент“.
30-годишниот Ендрју Џејмс Тарли поради тоа бил осуден на 60-години затворска казна. Тарли бил осуден откако полицијата во Хјустон пред повеќе од две години го пронашла неговот оглас на “Craiglist” со наслов: „Играјте си со малечкото девојче на тато“.
Тарли во огласот тогаш ја опишал својата ќерка како „помлада од десет години“ и се обидел да договори средба со педофил во преписка во која што полицијата утврдила дека биле разменети околу 70 мејлови.
На потенцијалниот клиент му открил дека на детето ќе му даде „лек за спиење и дека наплаќа 1000 долари за два часа“. Тој навел дека детето е премладо за пенетрација, но „се друго било во ред“.
Тарли не знаел дека всушност се допишува со полицаец, па бил уапсен на 15-ти ноември 2015-та година во Хјустон каде што полицаецот се појавил во станот каде што девојчето живеело со нејзината мајка. Службениците откриле дека девојчето било пронајдено голо на креветот, а мајката не била тука и наводно не знаела што се случува.
Помошник обвинителката Стјуана Миксел тогаш за американските медиуми изјавила: „Овој случај ми го скрши срцето. Таткото треба да биде заштитник, а не предатор“.