Теано Кардула, активистка и графички дизајнер предмалку на својот инстаграм профил објави нов дизајн на дрес на Фудбалската репрезентација на Македонија, на кој инспирација е македонскиот вез, кој ќе ја прикаже традицијата на модерен начин.

“По натпреварот Грузија – Македонија во септември, се инспирирав да изработам нов концепт за дрес на македонската репрезентација. Постоечкиот е веќе повеќе години со истиот дизајн и лично сметав дека му е потребен нов, модерен пристап. Последниве 2-3 години, националните тимови, покрај на теренот, се натпреваруваат кој ќе изработи подобар дизајн за националниот дрес. Моја инспирација е македонскиот вез, кој ќе ја прикаже традицијата на модерен начин. Дополнително што сите народности кај нас имаат слични елементи за везовите и со тоа може одлично да се прикаже и мултиетничкиот карактер и во репрезентацијата и во Македонија.”, рече Кардула за Револуционер.пресс.

На следниот линк погледнете како изгледа дресот кој го изработи Теано Кардула.

Станува збор за предлог дизајн на Кардула, личен проект кој нема засега никаква поврзаност со ФФМ.