ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ОСМАНИ – КУЛЕБА

21

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, оствари телефонски разговараше со неговиот украински колега, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Двајцата Министри се согласија дека Република Северна Македонија и Украина споделуваат заедничка визија за стабилна, обединета и просперитетна Европа. Во таа смисла, реафирмирајќи ја заемно приврзаноста кон европските принципи и вредности, Министрите се осврнаа на европските и евро-атланските интеграции на Република Северна Македонија и Украина, како и на можностите за натамошно унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.

Воедно, стана збор и за актуелните состојби во источна Украина, при што министерот Османи ја реафирмираше јасната и недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина, истакнувајќи приота дека Северна Македонија поддржува целосна имплементација на договорите од Минск во согласност со напорите на Трилатералната контакт група и политичкиот процес на Нормандискиот формат врз основа на принципите и заложбите на ОБСЕ.