Хуманитарното здружение на граѓани “Др. Трајче Нешковски” Гостивар организира тридневни активности, во чест на др. Трајче!

– Во петок, на 13.10, Ве покануваме заедно да наздравиме во чест на др. Трајче во БЛВД од 21 часот.

– Во сабота, на 14.10, во салата во СОУ Гостивар од 10:00 до 15:00 часот, хуманитарното здружение во соработка со Црвен крст Гостивар организира акција за дарување на крв на ден.

Во знакот на солидарноста и човечноста, што Трајче ја носеше со себе, Ве повикуваме да ја изразите Вашата хуманост преку дарување на крв и Вие самите да спасите нечиј живот!

– Во недела, на 15.10, Ве покануваме на третиот меморијален турнир во чест на нашиот, Вашиот др. Трајче!

Турнирот ќе се одржи на 15.10.2023 (недела), во салата во СОУ “Гостивар” Гостивар со почеток во 12:00 часот.