Услови за користење

Обврски на корисниците при користење на порталот и услугите

На корисниците на Револуционер.прес не им е дозволено:

а) објавување, испраќање и размена на содржини кои ги кршат постоечките македонски и/или меѓународни закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, расистички, шовинистички, заканувачки или е штетен на било кој друг начин;

б) објавување, испраќање, размена и пренесување на информации за кои посетителите знаат или претпоставуваат дека се лажни, а чие користење би можело да им нанесе штета на другите корисници;

в) лажно претставување во име на друго правно или физичко лице;

г) манипулирање со информациите со цел прикривање на потекло на содржините кои се објавуваат или испраќаат преку услугите на Кајгана;

д) објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права;

ѓ) oбјавување, испраќање и размена на несакани содржини на корисниците без нивна согласност или барање, како што се промотивни материјали, рекламни пораки, „спам“, верижни писма, лажни наоди или тврдења.

е) свесно објавување и размена на содржини кои содржат компјутерски вируси или слични злонамерни компјутерски датотеки или програми со цел уништување или ограничување на работата на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и телекомуникациска опрема;

ж) собирање, чување и објавување на лични податоци на други корисници

Револуционер.прес го задржува правото да ги отстрани содржините за кои смета дека не одговараат на овие Услови за користење, како и да ги укине корисничките налози на регистрираните корисници без претходна најава во случај на недозволено користење, односно при повреда на овие Услови за користење.

Со прифаќање на овие Услови за користење, корисникот прифаќа и согласен е дека услугите и содржините на Револуционер.прес ќе вклучуваат реклами, разни известувања, пораки од администраторите и слични пораки од Револуционер.прес за редовно известување на посетителите/корисниците на порталот и нормално функционирање на сите услуги и содржини на порталот Револуционер.прес

Авторски права

Содржините објавени на порталот на Револуционер.прес се состојат од сопствени содржини, содржини од партнери/извори/автори кои се користат со нивна дозвола и прес/промотивни материјали наменети за слободна употреба во медиумите. Содржините на порталот и услугите се заштитени со авторски права. Менувањето, позајмувањето, продажбата или дистрибуцијата на таквите содржини се можни само со претходна писмена дозвола од Револуционер.прес или сопствениците на содржините кои Револуционер.прес ги објавува со дозвола од партнерите и други издавачи. Содржините, податоците и информациите објавени на Револуционер.прес може да се користат само за индивидуални потреби на корисниците и на нивна сопствена одговорност со почитување на авторските и сопственичките права и правата на трети лица.

Доколку корисникот смета дека дошло до повреда на авторските права на порталот, должен е да го извести Револуционер.прес на [email protected]

Линкови кон други интернет страници

Револуционер.прес содржи линкови кон надворешни страници кои кога е можно ќе се означуваат како такви. Револуционер.прес нема надзор кон податоците, информациите и останатите содржини на надворешните интернет страници кои водат надвор од сопствениот портал и во целост се одрекува од секаква одговорност поврзана со содржините на интернет страниците креирани од страна на трети лица.

Содржини од огласувачите

Револуционер.прес не е одговорен за содржината на страниците на огласувачите на порталот, ниту за било каква штета настаната од рекламирање на порталот на Револуционер.прес

Заштита на приватноста и личните податоци

Револуционер.прес се обврзува дека ќе ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители на порталот. Револуционер.прес може да собира лични податоци од корисниците/посетителите само со нивна согласност. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисниците, подобар увид и разбирање на потребите на корисниците на Револуционер.прес, како и развивање на што поквалитетни услуги. Револуционер.прес под ниту еден услов овие податоци нема да ги направи достапни на трета страна, освен во случај кога таква обврска е регулирана со закон.

При вашата посета на порталот Револуционер.прес серверот автоматски ја бележи IP адресата на корисникот на сајтот, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативниот систем на вашиот компјутер, а собира информации и за времето на посета. Ваквите информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на нашиот портал, а крајната цел е анализа на најпопуларните содржини меѓу публиката со која ќе овозможиме подобри услуги и содржини за нашите корисници.

Револуционер.прес се обврзува дека на најдобар можен начин ќе ги заштити овие податоци, но Револуционер.прес не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашите сервери, нивна злоупотреба, во случај на неовластен упад во нашиот систем или други незаконски активности на корисниците.

Промена на содржините на порталот и услугите

Револуционер.прес го задржува правото на промена, отстранување (привремено или трајно) на било која содржина на порталот и услугите без обврска за претходна најава. Револуционер.прес не е одговорна за било каква штета настаната од овие промени.

Промена на Условите за користење

Револуционер.прес го задржува правото на промена на Условите на користење во било кое време и нема да биде одговорна за можни последици кои произлегле од такви промени. Промените стапуваат на сила со објавување на порталот или услугите на Револуционер.прес