Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ вчера ја посети општината Кривогаштани каде оствари повеќе средби со производители на тутун и останати земјоделски култури. Се разговараше за претстојниот откуп, а особено за откупот на тутунот.

Исто, така тој оствари средба со членовите на Сојузот на земјоделски здруженија на која се разговараше за минатогодишниот откуп на тутунот при што земјоделските производители изразија задоволство од овој откуп и историски највисоката цена, како и од исплатата на субвенциите за минатогодишната реколта кои се со историски највисоки и кои беа исплатени навреме како што и беше ветено. Шапуриќ ја истакна посветеноста на Владата на Република Северна Македонија за унапредување на земјодеското производство и резултатите од тоа се мошне видливи и мерливи. Оваа посветеност ќе остане и во идниот период.

Потоа, се разговараше и за веќе склучените договори со откупувачи на тутунот за оваа година и за изготвените предлог правилници за претстојниот откуп на тутунот. Заеднички беше констатирано дека изминатиов период имаше добра соработка помеѓу земјоделски производители од општина Кривогаштани со Државниот инспекторат за земјоделство и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За време на посетатата на општината Шапуриќ оствари и работна средба со Градоначалникот на општина Кривогаштани, Рубинчо Шефтероски, каде се разговараше за земјоделските активности во оваа општина.