asd

Шокаровски: Незаконски сум разрешен

4311

Марјан Шокаровски – разрешениот директор на Кардиохирургија вели дека тоа е направено незаконски. Според него, за фантомските пациенти на оваа клиника вели дека се работи само за софтверска грешка, направена поради несоодветност на системот кој го користат и неговото комуницирање со „Мој термин“.

– Моето разрешување е незаконски, бидејќи во мандатот на техничката влада не може ниту да се разрешува, ниту да се назначува. Ги повикувам релевантните институции кои треба да се грижат за законитоста во оваа држава, итно да реагираат. Дополнително, министерот за здравство го разреши координаторот за развој на кардиоваскуларната хирургија при министерството Александра Ефтимова, истовремено ги разреши и го прекина договорот на координаторот за срцева трансплантација при министерството, Адријана Ѓеоргиев. Од тука се наметнува нашето прашање дали се работи за оркестриран напад против државната Кардиохирургија, а со тоа и напад врз јавното здравство. која е потребата на министерот во заминување да направи едно вакво тектонско пореметување на една успешна приказна. Кому тоа му одговара? – рече Шокаровски.

Според него, информациите за наводно нестручно работење и висока смртност се со цел да се прикријат вистинските намери на министерот, а пласирани од некоја комисија која ја формирал министерот.

Член на комисијата е противкандидат за директорското место на клиниката со што се доведува во прашање неговата компетентност, вели Шокаровски.

За статистиката која ја изнеле од Комисијата, тврди дека се случајни бројки, кои се така пласирани за да се покаже состојбата која ним им одговарала.

Според него, дури и бројот на операции не е вистинито прикажана, па бројките се намалувани и на половина за одредени месеци.

– Не е точно дека се зголемила смртноста откако јас сум директор, туку вистината е дека незначително се зголемила, а за 20 отсто е зголемена комплексноста на интервенциите – додава Шокаровски.