Вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии, велат од ЈСП.

-Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ.

Истовремено, апелираме до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе одговорност и соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите.

Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки.

За среќа, во овој настан нема тешко повредени, а причинета е само минимална материјална штета (скршен прозорец) на автобусот која ќе се покрие со осигурувањето на возилото, соопштуваат од ЈСП Скопје.